Зошто некои работи за климатските промени се или не се така?

Дали е точно дека климатските промени се природен феномен и дека луѓето не придонесуваат кон нивно „убрзување“? Ако изминатава зима беше студена и ладна, тогаш како може да постои глобално затоплување?

Тема на втората епизода на „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА“ се токму климатските промени и глобалното затоплување. Во оваа рубрика која ја емитуваме еднаш месечно, гостите-експерти во разни области ни одговараат на најпознатите прашања и ни ги разјаснуваат дилемите за разни теми, односно ни кажуваат зошто нештата се или не се така.

За тоа дали климатските промени се една голема завера или пак реалност која веќе ја живееме и со чии сериозни последици допрва ќе се соочи човештвото, ни зборуваат Мила Јовановска и Арта Ќерими од Здружението „GoGreen – Биди Зелен“ и Филип Стојановски од Центарот за климатски промени.

Тие го одговараат и можеби најважното и најконтроверзно прашање – дали климатските промени ќе стават крај на животот на Земјата каква што ја знаеме?

Втората епизода на ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА може да се погледне на сите наши канали на социјалните мрежи.