ЗOO Скопје добива 7Д кино

Скопската Зоолошка градина ќе добие 7Д кино. Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д, во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот. Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот, соопштуваат од скопската ЗОО градина.

„Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот. 7Д киното ќе биде поставено близу до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори,“ вели директорот на Зоолошката градина, Ѓорги Галетановски.