Жичницата на Водно од утре ќе работи еден час повеќе

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу

Фото: ЈСП

Од утре жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе. Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) соопшти дека работното време ќе биде од 10 до 18 часот.

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Од ЈСП потсетуваат и дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.