Заврши сезоната за Дамјан Стојановски

Кошаркарот на македонскиот шампион МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, на вчерашниот меч со Левски од АБА-лигата заработи сериозна повреда поради која го очекува подолга пауза.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец најверојатно ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено поради што би можел да биде надвор од терените до крајот на сезоната. Тој во најбрз можен рок ќе замине на операција, по која ќе следува долг процес на рехабилитација.