Застрелан премиерот на Словачка, Роберт Фицо

Словачкиот премиер е однесен во болница, а наводниот напаѓач е приведен во полиција

© European Union, 2024, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Словачкиот премиер Робер Фицо е застрелан и ранет, јавуваат медиумите во Словачка, а пренесе Би-би-си.

Фицо бил застрелан додека ја поздравувал толпата пред културен центар во градот Хандлова, каде што одржал владин состанок. Градот се наоѓа на околу 180 километри североисточно од главниот град Братислава.

Според новинарите на местото на настанот, се слушнале неколку истрели.

Словачкиот премиер е однесен во болница, а наводниот напаѓач е приведен во полиција.

Во својата првична реакција на пукањето, словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова рече дека е шокирана од бруталниот и безмилосен напад врз премиерот и му посака сила да закрепне.

 

Фицо се врати на власт во Словачка по изборите во септември минатата година, на чело со популистичко-националистичка коалиција. Неговото досегашно владеење го одбележаа неколку спорни политики – во јануари ја прекина воената помош за Украина, а минатиот месец ги истурка плановите за укинување на државната телевизија РТВС, со намера да ја замени со друго тело.