Започнува уметничка акција на Андреј Миневски насловена „Патот до вистината“

Авторот поаѓа од констатацијата дека во турбулентни периоди во кои наместо вистината доминираат лаги, а наместо доблестите доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае и на тој начин да се вклучи во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат општествто насочувајќи ги луѓето кон погрешни заклучоци

Започнува уметничка акција на младиот уметник Андреј Миневски кој преку своето дело ја крева свеста за ширењето на лажни вести.

Авторот поаѓа од констатацијата дека во турбулентни периоди во кои наместо вистината доминираат лаги, а наместо доблестите доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае и на тој начин да се вклучи во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат општествто насочувајќи ги луѓето кон погрешни заклучоци.

Самата инсталација се состои од велосипед кој има два волани кои се насочени во различни односно спротивни правци симулирајќи ги на тој начин лажните и реалните вести.

Велосипедот кој завзема централно мество во делото/акцијата се стреми да се искачи на врвот на поставената изработена патека бидејќи таму се наоѓа вистината, но за жал патот на неколку места му е поречен со лажни вести од различна природа во при што доминираат невистините насочени кон Европската унија, војната во Украина, глобалното затоплување и климатските промени, но и сомнителни теории на заговор.

Делото ќе биде поставено во јавен простор во центарот на градот на малиот сквер кај Ким на крстосницата на улиците Ленинова (Аминта трети) и булевароит Партизански оддреди.