Заложничка криза во иранскиот парламент и самоубиствен напад во мавзолеј

Еден чувар во иранскиот парламент е убиен, а неколку лица се ранети во Мавзолејот на ајатолахот Хомеини откако вооружени мажи извеле два напади во главниот град на Иран, Техеран.

Пратеникот Елиас Хазрати изјави дека тројца напаѓачи, еден со пиштол и двајца со пушки, влетале во парламентот.
Новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на неименуван пратеник, јавува дека сите врати на парламентот се затворени и оти еден од напаѓачите е опколен од силите за безбедност.

Во одвоен инцидент, вооружен маж влетал во Мавзолејот на ајатолахот Хомеини и ранил неколку лица.

Агенцијата ИСНА цитирала неименуван извор, кој тврди дека напаѓачот во мавзолејот се разнел себеси. Идентитетот на напаѓачот и причината сè уште не се познати.