Заев со претставници на ЕБОР договорал поинтензивна соработка

Премиерот Зоран Заев и неговите советници за економија и финансии денеска се сретнале со Анка Јоана Јоанеску, директорка на канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија и Косово и Френклин Стивс, виш советник во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро унправување (ICGI), при што се разговарало за економијата во Македонија и за идните очекувања на тој план, како и за соработка во повеќе области, соопшти Владата.

„Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги презентираа можностите за соработка со Владата на Република Македонија во рамки на Иницијативата за  инвестициска клима и добро управување којашто се однесува на неколку важни аспекти како што се промоција на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, проекти за зголемување на конкурентноста, проекти кои се однесуваат на инспекцискиот надзор и контрола.На состанокот се разговараше и за реформата во јавната администрација, за зајакнување на капацитетите на општините, за степенот на реализација на капитални инвестиции и нивното значење за забрзување на економскиот раст како и за мерките на поддршка од Планот за економски раст за кои се очекува да донесат нови инвестиции и раст на продуктивноста и конкурентноста“, соопштија од Владата.