Заев: Се развластува режимот на Груевски

Полека се развластува режимот и затоа Груевски шета во нервоза со нереални ветувања. Раководството на СДСМ и на опозицијата е решено да ја истера оваа битка до крај, но ни требате вие, нашиот народ, заедно, рамо до рамо, чесно, исправно да си ја вратиме во нормала земјата, изјави денеска во Струга, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Посетата на Заев во Струга почна во чаршијата, каде разговараше со стружани за нивните проблеми, а потоа беше во Вевчани и во Вранештица.

Граѓаните се интересираа за тоа како ќе се избре специјалниот обвинител, но ги кажаа и проблемите, меѓу кои иселувањето на младите, проблемите во здравството, проблемите на училиштата во селските населби.