За викендот привремен режим на сообраќај на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во текот на викендот, 15 и 16 ноември 2014 година, поради изведување градежни активности, во период од 7 до 19 часот, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведениот режим.

Привремен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улица Московска.

Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај.