За Илинден казнети 459 лица за брзо возење

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден, 2. август, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 459 возачи, информираат оттаму.

„Од нив, 80 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 205 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 254 надвор од населено место“, наведено е во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.