Времето сончево и многу топло, со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен и југозападен правец.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со слаб југозападен ветер. Утринската температура се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 30 степени

Утре ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.