Времето претпладне сончево, попладне со дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и релативно топло.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.