Времето денеска сончево со мала облачност и температури до 21 степен

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 Целзиусови степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневна температура до 18 Целзиусови степени.