Владо Илиевски потпиша за Цибона

Илиевски наредната сезона ќе настапува во АБА лигата

Поранешниот македонски кошаркарски репрезенативец, Владо Илиевски, потпиша договор за хрватска Цибона, каде ќе настапува во претстојната сезона од АБА-лигата. Клубот ја потврди оваа информација на својата официјална веб-странивца. Илиевски веќе се приклучил на тренинзите на клубот, а најверојатно неговиот прв натпревар ќе биде против Крка, кој е закажан за недела.
Македонскиот интернационалец минатата сезона настапуваше за чешкиот Нимбурк, а претходно во својата кариера играше и за Цедевита, Партизан, Унион олимпија, Барселона регал, Лотоматика Рома, Монтепаски Сиена и Анадолу Ефес.