(ВИДЕО) Русија нападна супермаркет во Украина, загинаа најмалку четворица

Фотографиите објавени на мрежата Телеграм од локалниот гувернер Вадим Филашкин покажуваат густ црн облак од чад кој се издига над уништената зграда

Фото: Укринформ.нет

Најмалку четири лица загинаа, а 24 се повредени во руски ракетен напад врз супермаркет и пошта во градот Костијантинивка, кој се наоѓа на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фотографиите објавени на мрежата Телеграм од локалниот гувернер Вадим Филашкин покажуваат густ црн облак од чад кој се издига над уништената зграда.