В недела почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува на 27 март, в недела, така што во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот.

Летното сметање на времето во 2016 година завршува на 30 октомври во 3 часот со поместување за еден час наназад.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2016 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.