Утрово активни се девет пожари

Според проценките за ризиците, од ЦУК велат дека приоритет во гаснењето ќе дадат на пожар во општина Чашка

Фото: ЦУК

Во текот на вчерашниот ден, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 30 пожари на отворен простор.

Од нив, утрото активни сè уште девет пожари, 15 се целосно изгаснати.

Шест се ставени под контрола односно се пожари кои сè уште горат, но не може да се шират, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Приоритет во гаснењето ќе дадат на пожар во општина Чашка каде ќе бидат ангажирани и два хеликоптери, како и 55 војници.

Еден армиски хеликоптер и 30 припадници на Армијата ќе бидат засилување во борбата со пламените јазици во Општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница.

Меѓу приоритетните ќе биде и пожар кај селото Фариш, Кавадарци и пожарот на Криволак кон Брегалница