Утре отворање на изложбата „Убавината како хармонија и единство на противречностите“

Утре во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба „Убавината како хармонија и единство на противречностите“.

Изложбата е содржана од дела од деветмина сликари, односно Александар Џинго,
Атанас Атанасоски, Бојана А. Трпческа, Ванчо Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева Ергас, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска. Куратор на изложбата е Викторија Димеска, историчар на уметност.

„Неопходноста од разгледување и редефинирање на различните сфаќања
за суштината и улогата на естетската категорија убавина во современата епоха
преку уметноста, како најсоодветна алатка за нејзино проучување, претставува
основен мотив за реализацијата на целиот проект“, пишува во описот на Димеска за изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 16 септември, а истата се реализира во поддршка на Министерството за култура.