УНИЦЕФ предупреди на изгладнување деца во Сирија

УНИЦЕФ денеска го потврди постоењето на случаи на сериозно изгладнување меѓу децата во опколениот сириски град Мадаја, каде оваа недела е испорачана помош на илјадници лица, кои со месеци се наоѓаат под блокада.

Организацијата на ОН соопшти дека од 25 деца помлади од пет години, кои се прегладнети, кај 22 се утврдени знаци на умерена до сериозна изгладнетост.

Персоналот на УНИЦЕФ бил сведок на умирање од изгладнетост на момче на возраст од 16 години, се додава во соопштението.

Групите што ја следат состојбата во Мадаја, локални лекари и хуманитарни организации, известуваат за неколку стотини случаи на умирање од глад во градот кој е под опсада на провладините сили.

Според податоците на ОН, во Сирија околу 450.000 лица се блокирани во 15 опсади, вклучувајќи ги и подрачјата што се под контрола на силите на Асад, Исламска држава и на други бунтовнички групи.