Убиени 33 џихадисти на ИД за 72 часа

Најмалку 33 борци на Исламска држава се убиени во текот на последните 72 часа, со воздушните напади на француските и на руските сили на северот на Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Директорот на опсерваторијата со седиште во Лондон, Рами Рахман, навел дека повеќе од десетина борци на ИД се ранети во нападите извршени во неделата, понеделникот и во вторникот.

Воздушните напади се интензивираа по нападот на Париз изминатиот викенд.