Уапсениот Сириец осомничен за планирање напади во Германија се самоубил во затвор

Сириецот кој во Германија беше уапсен за планирање бомбашки напад, се самоубил во затворската ќелија во Лајпциг, соопшти министерството за правосудство на Саксонија.

Портпаролот на министерството рече дека 22-годишниот Џабер ал Бакр се убил доцна синоќа, но околностите и понатаму се утврдуваат.

Телото рано утринава е изнесено од затворот во Лајпциг.

Германската полиција го уапси Ал Бакр на 9 октомври, под сомневање дека планирал бомбашки напади.
Германските власти претходно соопштија дека бил поврзан со Исламска држава и се верува дека планирал напад на аеродромот во Берлин.