„Твитер“ воведува видеоуслуга

Следните неколку недели, „Твитер“ ќе ја претстави својата нова услуга, која вклучува снимање и објавување видеоснимки на мрежата.

Во сопственост на социјалната мрежа се наоѓа и сервисот „Вајн“, кој овозможува снимање до шест секунди, а желбата на челниците на „Твитер“ е дополнително да се зголеми видеосообраќајот на мрежата.

Две клучни причини за оваа промена е сè поголемата популарност на видеообјавите на социјалната мрежа „Фејсбук“ и фактот дека видеорекламите имаат голема можност за наплата.