Топло уште утре, потоа следуваат дожд и грмежи

До средината на следната седмица (24.07.2024 година) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Извор: Image by Gerd Altmann from Pixabay

Утре ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. Во деновите потоа температурата ќе биде во постепено опаѓање, информира УХМР.

Од утре до средината на следната седмица (24.07.2024 година) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Фото: УХМР

Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси со пороен дожд, силен ветер и локална појава на град.

Препорака од УХМР е во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.