понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Стевчо Јакимовски | 52 резултати

Обвинение за Стевчо Јакимовски и уште 10 лица за малверзации со легализации и приватизации

октомври 31, 2019

Обвинителен акт за 11 лица, меѓу кои предничи поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) во Основен кривичен суд Скопје. Како што соопшти обвинителството, кое не именуваше за кој градоначалник станува збор, но сепак од изнесените факти се гледа дека е […]

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

септември 16, 2019

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека […]

Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

март 19, 2019

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) до судија на претходна постапка од Кривичен суд – Скопје побарало притвор за тројца од утрово приведените. Од соопштението од Обвинителството, сепак се дознава дека притвор е побаран и од поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше приведен. Тие се сомничат за Злоупотреба […]

Уапсени Стевчо Јакимовски и уште седум лица

март 19, 2019

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, утрово е уапсен, заедно со уште седум други лица. Двајца од приведените се вработени во Општина Карпош, а меѓу останатите петмина има и бизнисмени, дознава „Мета“. Јакимовски и другите уапсени денеска треба да бидат изнесени пред судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје, […]

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за преселените општински бараки

август 23, 2018

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење. Пријавите се поднесени поради демонтажа на две од старите општински бараки и нивно повторно поставување во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во […]

Обвинителство бара мерки за претпазливост за Јакимовски

август 8, 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски и уште четворица обвинети од Основниот суд бара да им бидат определени за претпазливост по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција за злоупотреба на службената положба. Доколку судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството, обвинетите ќе […]

Кривични пријави за Јакимовски и четиримина поранешни соработници

август 8, 2018

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување доби лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, поради три спроведени јавни набавки во текот на мандатот како градоначалник на Општина Карпош, поднесе денеска Управата за финансиска полиција, откако вчера се вршеа претреси во неговите куќи. Покрај пријавата за него, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран […]

Стевчо Јакимовски приведен, чека распит пред судија

август 8, 2018

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа половина час пред полноќ, е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува да биде изведен пред судија на претходна постапка. Според Виктор Цветковски, адвокат на поранешниот градоначалник, ова е атак врз политичкиот ангажман на Стевчо Јакимовски. Финансиската […]

Јакимовски: Предавници имало и ќе има, а хиените секогаш ќе бидат лешинари

декември 23, 2017

Да се сака земјата и народ е гревот што се става на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на тие што ја водеа оваа влада, но таков грев не може да има. На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде се само за да владее, рече Стевчо Јакимовски од ГРОМ на 16. вонреден Конгресот на […]

Јакимовски пријавил дека вработен ги сменил бравите на две простории во Општина Карпош

октомври 19, 2017

Градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски, вчера во полиција пријавил дека вработен во администрацијата на Општината ги украл клучевите од просториите на архивата и на комисијата за јавни набавки и ги сменил бравите. Во полицискиот билтен се наведува дека Јакимовски пријавил дека А.З. без никакво овластување и знаење, ги зел клучевите од просториите […]

Полицијата ги испратила доказите за нападот на Стевчо Јакимовски во Обвинителството

октомври 18, 2017

Три дена по нападот на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој се случи во неделата вечерта пред штабот на партијата, МВР денеска соопшти дека случајот е обработен и дека доказните материјали се испратени во скопското обвинителство. Јакимовски по нападот рече дека бил нападнат од Сеад Рахиќ, брат на поранешниот пратеник и висок функционер на СДСМ, […]

Јакимовски: Полицијата насилно упадна, од Општината собиравме лични работи

октомври 17, 2017

Досегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција обвини дека полицијата „под водство на режимот на Зоран Заев“ насилно упаднала во Општина Карпош додека неговите колеги пакувале лични работи. Тој рече дека некој им јавил на вработените во Општината дека денеска ќе се случи примопредавањето на градоначалничката функција и дека затоа тие пакувале […]

ВМРО-ДПМНЕ: Насилствата продолжија – тоа е животот што СДСМ го ветуваше

октомври 17, 2017

„Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот што го ветуваше СДСМ“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска, во првото соопштение во последните 36 часа, откако претходно партијата беше во молк по говорот на нејзиниот претседател Никола Груевски. „Нападот со нож врз претседателот на […]

СДСМ Карпош го осуди инцидентот пред штабот на ГРОМ

октомври 16, 2017

Општинската организација на СДСМ од Карпош преку соопштение го осуди насилството и синоќешниот инцидент што се случи пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде едно лице излезе од автомобил, извади лисици и нож и им се закануваше на присутните. „Очекуваме надлежните институции во најкус рок да го расчистат случајот докрај и сите виновници да бидат […]

Јакимовски го повика ОЈО да го гони лицето што синоќа се закануваше пред штабот на ГРОМ

октомври 16, 2017

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, бара кривично да биде гонет напаѓачот што синоќа во штабот на партијата, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, извадил лисици и нож и им се заканувал на присутните. Јакимовски вели дека тоа што полицијата поднела прекршочна, а не кривична пријава против напаѓачот, покажува дека СДСМ го штити криминалот. – Тие што дојдоа […]

Хелсиншки најави кривична пријава против Јакимовски поради говор на омраза

октомври 16, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најавија дека ќе поднесат кривична пријава против кандидатот за градоначалник од ГРОМ и досегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради говор на омраза. „На 13 октомври 2017 година, на митинг во предизборна кампања, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник […]

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош го поддржува Стевчо Јакимовски, во Кратово – Мите Андоновски

септември 15, 2017

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави комплетниот список на сите кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори. Кандидатите, инаку, беа соопштувани во изминатите денови на повеќе прес-конференции. Во четири општини партијата ќе поддржи други кандидати и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, […]

Јакимовски ја задолжил Општина Карпош за 10,5 милиони евра, обвини СДСМ

март 18, 2017

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и „неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ“ ја задолжиле Општината за 10,5 милиони евра, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ во Карпош. Од СДСМ велат дека официјалните извештаи на Општината и завршните сметки покажуваат дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра. – Непознато е […]

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

февруари 12, 2017

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“. Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за […]

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

февруари 12, 2017

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите – соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската […]

Страна 2 од 3