fbpx
Таг: нафта

таг: нафта

Изваден потонатиот брод „Мис Стон“, од кој се излеа нафта во Охридско Езеро

Бродот „Мис Стон“ кој во неделата делумно потона во каналот Студенчишта во Охрид и од него се излеа нафта, денеска бил изваден од водите на Охридското Езеро, информираат од Општина Охрид. „Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и со дигалка, бродот „Мис Стон“ беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод. Се очекува во наредните денови бродот...

Утре ќе се вади бродот „Мис Стон“ што потона во каналот Студенчишта

За утре е закажано итно вадење на бродот „Мис Стон“ од каналот Студенчишта во Охрид, информираат од Општина Охрид. Од Општината информираат дека на местото на настанот излегле претставниците на локалната самоуправа, надлежниот државен инспектор за животна средина од Охрид, кој направил вонреден инспекциски надзор, како и капетанот на охридската капетанија. „Беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис...

Се излеа нафта во Охридско Езеро од брод потонат во каналот Студнечишта

Во каналот Студенчишта кој се влева во Охридско Езеро, потонал бродот „Мис Стон“ од којшто се излеала нафта, која веќе е стигната до езерото. Според сведоци, сношти сè било во ред, а утрово била забележана нафтената дамка, што укажува на тоа дека инцидентот се случил во текот на ноќта. - Веднаш по дојавата за излеаното гориво од бродот, ние се организиравме,...

Зголемувањето на акцизата за нафта помина на владина седница

На денешната 38 седница, Владата го разгледала и го усвоила предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, информираа од Владата преку соопштение. Со измената се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари. Одлуката на Владата...

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект нема да биде голем, а...

Предлог-буџетот за 2018 година е 3,4 милијарди евра, ќе се зголеми акцизата за нафта

Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, објави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Tој денеска ги презентираше бројките пред јавноста, граѓанските организации и пред претставниците на стопанските комори. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ наспроти 2,9 проценти лани. Ова, како што кажа Тевдовски, е во насока на постепено намалување на долгот и на фискална консолидација. Прогресивниот...

Дизел-горивото поскапува, а цената на бензинот останува иста

Од ноќеска на полноќ дизел-горивото поскапува за два денари по литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“останува 63,5денари, односно 65 денари за еден литар. Дизел-горивото ќе се продава за 51,5 денари за еден литар. Како причина за зголемувањето на цената на дизел-горивото од РКЕ ги посочуваат за...

Јосифовски: Случајот со преземањето на „Макпетрол“ сè уште е заглавен во КХВ

Случајот со компанијата „Макпетрол“ и обидот за преземање од страна на „Балкан петролеум“ е заглавен во Комисијата за хартии од вредност, информираше денеска претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, на прес-конференцијата по повод 70 години од постоењето на компанијата. Според него, во нормална правна држава, понудата од оваа компанија веднаш би била отфрлена од надлежните институции. - Станува збор...

Горивата поскапуваат од вечерва на полноќ

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата се зголемува за еден и пол денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63,5 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ќе се продава за 65 денари. Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе биде 49,5 денари за еден...

Грчките крајбрежни служби сè уште се справуваат со излеаната нафта кај Атина

Тимови за вонредна состојба во Грција се борат за да го спречат излевањето нафта во водите во близина на Атина од танкер кој викендов потона кај островот Саламис. Крајбрежната стража наведе дека е загрозен цел залив на југоистокот на островот откако потонал танкерот „Агиа зони 2“, кој превезувал 2.500 метрички тони гориво. Нафтената дамка се протега на повеќе од еден и...

Според „Роснефт“, нафтата следната година значително ќе поевтини

Извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин, излезе со оптимистичка најава за значително поевтинување на цената на нафтата следната година. - Во прелиминарната анализа, мислам дека следната година ќе имаме просечни цени за годината во опсег од 40 до 43 долари за еден барел - рече Сечин во интервју за телевизијата „Русија 24“. Тој поевтинувањето го припишува на зголемено производство нафта од шкрилци,...

Кај брегот на Кувајт се излеале 34.000 галони нафта

Анализа на сателитските снимки на американската невладина организација „Скејтрут“ укажува дека најмалку 34.000 галони нафта се излиле во Персискиот Залив, во близина на брегот на Кувајт. „Скајтрут“ наведува дека сателитските снимки од денот на излевањето покажуваат дека нафтата се разлила на површина од 131 квадратен километар. Во блогот на организацијата, со седиште во американската држава Западна Вирџинија стои дека во времето...

Во мај биле потрошени 549.074 мегават-часови електрична енергија

Во мај годинава, потрошени се 549.074 мегават-часови електрична енергија, 4.120 милиони кубни метри природен гас, 442.930 тони јаглен и 85.513 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,7 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 92,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Цистерна се преврти и се запали во Пакистан – 123 луѓе загинаа, стотина се повредени

Најмалку 123 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако цистерна со нафта се преврти и се запали на автопат во Пакистан, на 100 километри од градот Мултан. Како што јавуваат локалните медиуми, хеликоптери на армијата вршат евакуација на повредените и ги пренесуваат во најблиската болница, која се наоѓа на 150 километри од местото на несреќата. Инцидентот се случил...

Масовна тепачка меѓу арапски магнати пред кризата во Катар

Делегации од Катар и од Саудиска Арабија направиле тепачка на конференцијата на Унијата на работници од нафтената област што се одржуваше во Кувајт. Видеоснимката ја објави ирачкиот политичар Валид ел Азави. Според него, инцидентот се случил на 20 март оваа година, на маргините на настанот. Саудиските нафтени претставници почнале да ги навредуваат своите катарски колеги, кои на крајот го загубиле...

СДСМ: Мора да проработи здравиот разум наместо нафтата на Мијалков

Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, стои во утринското соопштение на СДСМ, од каде велат дека се потврдило „сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси, поради криминални интереси“. „Здравиот разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков. Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во...

Компаниите бараат функционалност на Коридорот 10 зашто нема алтернатива

Воспоставувањето целосна инфраструктурна функционалност на Коридорот 10 и обезбедувањето непречен пристап на стоките од и до пристаништето во Солун треба да биде приоритет, бидејќи во моментов нема алтернатива. Ова е еден од заклучоците на тркалезната маса на тема „Сигурност во снабдувањето со стоки и со нафтени деривати - Можности и алтернативи“, која се одржа во Стопанска комора на Македонија. - Инфраструктурата,...

Блокадите продолжуваат, превозниците го намалуваат бројот на камиони

Граничниот премин Евзони е затворен веќе две недели, а македонските превозници најмногу трпат од блокадата на грчките земјоделци кои протестираат против владините мерки на Грција. Камионите кои превезуваат нафта и нафтени деривати се пренасочуваат преку Ново Село, но и преку Меџитлија, граничен премин преку кој од денеска може да поминуваат камиони кои пренесуваат само нафта, но не и друг вид...

Ѓорѓиев: Камионите со нафта ќе може да поминуваат преку Дојран и Меџитлија

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, покрај на граничниот премин Богородица, ќе може да поминуваат и на граничните премини Дојран и Меџитлија, информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Оваа одлука била донесена на денешната владина седница, а привремениот режим ќе почне да важи од вечерва и ќе трае до 5 март. - Владата денеска стапи во контакт со Царинската управа, која доби...

Забавена е доставата на нафта во земјава, можно е поскапување

Девет камиони што превезуваат нафта и нафтени деривати и беа заглавени на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките земјоделци, се пуштени да влезат во земјава, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Вчера, со посредство на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, девет камиони ја поминаа границата, а шест останаа да чекаат. Ги пропуштија само...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...