fbpx
Таг: нафта

таг: нафта

Камионите што ни носат нафта се најпогодени од блокадата на грчката граница

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати се најзагрозени помеѓу превозниците кои се заглавени на грчка граница поради блокадата и штрајкот на грчките земјоделци, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. Таа додава дека камионите што превезуваат друг вид стока се пренасочуваат кон граничниот премин Дојрани и поради тоа тензиите се намалени. - Порадби безбедност, потребно е грчката полиција во...

Русија се обидува да нè држи за врат, тврди Лукашенко

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска остро ја критикуваше Русија на прес-конференција во Минск, обвинувајќи го Кремљ за кршење на спогодбата меѓу блиско поврзаните соседи и со користење на фактот дека ги снабдува со енергија „за да ги држи за врат“. Говорејќи пред околу педесетина белоруски и странски новинари во Минск, Лукашенко рече дека Русија ги „прецртала“ пограничните спогодби со Белорусија...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 68,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 53,5 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот и екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизел-горивото се зголемува за три денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во согласност со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 64,50 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ за 66,50 денари, а еден...

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад. - Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го...

Во Тексас е пронајден еден од најголемите извори на нафта и на гас

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека негови тимови ги откриле едни од најголемите резерви на нафта во Тексас. Во соопштението е наведено дека на подрачјето Мидланд на западот на Тексас има околу 20 милијарди барели нафта, кои се погодни за експлоатација. Овој институт наведува дека овие резерви на нафта се трипати поголеми од тие што во 2013 година беа откриени во Дакота...

Бензинот поевтинува за половина денар по литар

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ - 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за еден...

Стапката на невработеност во Канада се зголемила на 7 проценти

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се зголемила за седум проценти, покажуваат податоците на канадската влада. „Зголемувањето на невработеноста се случи бидејќи повеќе луѓе учествуваа на пазарот на трудот,“ се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесуваат светските агенции. Зголемувањето на стапката на невработеност се случува во тешки времиња за канадската економија,...

Путин бара замрзнување на производството на нафта

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се заложи Русија и ОПЕК, кои заедно произведуваат половина од нафтата во светот, да постигнат договор за замрзнување на производството, кој не би важел за Иран. Картелот произведувачи на нафта размислуваат да го замрзнат производството поради падот на цената на „црното злато“, но Иран, кому минатата година му беа симнати санкциите, се не согласува со...

Аеродромот во Доха ќе воведува такса на излегување на патниците од земјата

Аеродромот во Доха соопшти дека на патниците ќе им наплатува излезна такса од 10 американски центи, се наведува во соопштението на „Хамад интернешнал ерпорт“ (ХИА), а пренесуваат светските медиуми. Надоместокот ќе биде додаден на цената на авионскиот билет и оваа мерка ќе почне да се применува на билетите издадени по 30 август. „Таксата е во солгласност со принципите на Меѓународната организација на цивилно...

Мал пад на цената на нафтата

Цената на нафтата забележа мал пад при тргување на азискиот пазар поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта. Цената на нафтата падна на 49 долари за барел. Минатиот месец, Саудиска Арабија произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно. Пазарот со нафтата се уште не е стабилен, бидејќи нема договор...

Американските берзи рушат рекорди во тргувањето, а европските стагнираат

Акциите на американските берзи на почетокот на денешното тргување се вратија на рекордно високо ниво, бидејќи повисоките цени на нафтата ја зголемија вредноста на акциите на енергетските компании. Истовреме акциите на европските берзи главно стагнираат, при што лондонскиот и франкфуртскиот индекс оствариле само мало зголемување, додека парискиот индекс стагнирал. Цената на акциите на нафтените компании се зголемија, бидејќи Организацијата на земји...

Дизел-горивата поевтинуваат за денар по литар

Цените на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто. Малопродажните цени на „еуросупер-95“ и на „еуросупер БС-98“ не се менуваат, односно остануваат...

Во Венецуела се продолжува вонредната економска состојба

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја продолжи за два месеци т.н. економската вонредна состојба, која во земјата е воведена во средината на јануари годинава поради економската и политичката криза. Вонредната состојба се продолжува за 60 дена поради околностите што влијаат врз националната економија, се наведува во претседателскиот указ потпишан во вторникот, а објавен вчера во службен весник. Првиот таков указ беше потпишан...

Поскапува нафтата поради референдумот во Велика Британија

Цената на нафтата во Азија се зголеми само неколку часа пред почетокот на референдумот во Велика Британија на кој граѓаните на таа земја треба да одлучат дали државата ќе остане членка на Европската Унија. Како и финансиските пазари, така и трговците со нафта се сосредоточени на референдумот, бидејќи аналитичарите предупредуваат дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да ја турне земјата во...

Воз со нафта излета од шините

Товарен воз кој превезувал нафта, излета од шините во близина на местото Мозир, на околу 110 километри источно од најголемиот град во американската сојузна држава Орегон, Портланд. При несреќата, од вагоните истекло поголемо количество нафта и избувнал пожар во близина на брегот на реката Колумбија, соопшти железничката компанија „Јунион Пацифик“. Нема инфромации за повредени лица при несреќата. Според компанијата, при несреќата од...

Oколу 334 тони нафта истекоа во Мексиканскиот Залив

Околу 88.200 галони нафта (околу 334 тони) синоќа истекле од нафтоводот „Шел“ во Мексиканскиот Залив, соопшти на американската крајбрежна стража. Инцидентот се случил на 150 километри од брегот на американската сојузна држава Луизијана. Од крајбрежната стража велат дека ситуацијата е под контрола и оти наскоро ќе бидат испратени екипи за прочистување. Истрагата на случајот е во тек. Како што јавуваат американските...

Во февруари се потрошени 645.803 мегават-часови електрична енергија

Вкупната потрошувачка по видови енергенти во февруари изнесува 645.803 мегават-часови електрична енергија, 13.346 милиони кубни метри природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тон нафтени производи, покажуваат податоците на Државен завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 70,8 отсто во домашната бруто-потрошувачка, а 98,8 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Состанокот на земјите извозници на нафта заврши без договор за замрзнување на цената

Состанокот на земјите извозници на нафта во Доха, на кој требаше да се донесе одлука за замрзнување на производството на тој енергент, завшри без договор. Учесниците на состанокот се договориле за замрзнување на производство на нафта да разговараат на состанок на ОПЕК во јуни. Според зборовите на катарскиот министер за нафта и за енергетика, Мухамед бин Салех ел Сад, на учесниците...

Производителите на нафта се состанаа во Катар

Претставници на земјите производители на нафта се состанаа во Катар, каде што ќе разговараат за можното замрзнување на производството на нафта, но одлуката на Иран да не учествува во преговорите може да влијае врз договорот. Најголемите производители го разгледуваат прашањето за замрзнување на производството на нафта за да се спортистават на глобалниот тренд на падот на цената на светскиот пазар. Претставници...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...