fbpx
Таг: договор за добрососедство

таг: договор за добрососедство

Договорот со Бугарија утре на затворена седница на Комисијата за надворешна политика

Нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре ќе биде претставен пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика на затворена седница, со почеток во 10 часот, информираат собраниските служби. Седницата е закажана откако денеска до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија и на неа се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев. Минатата...

Милошоски: Собранието в петок да расправа за договорот со Бугарија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат од Владата и од Собранието в петок да биде закажана собраниска сендица на која би се расправало за договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој рече дека петочната седница, доколку се закаже, ќе биде добра можност владејачкото мнозинство и Владата...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров жали за изјавата на Дачиќ

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Партијата ја обвини новата власт дека работи против интересите на Македонија. „Катастрофалната меѓународна политика на Заев и на Димитров, која има заеднички...

Шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Заев бараат увид во договорот со Бугарија

Илија Димовски, Никола Попоски, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев и Влатко Ѓорчев, преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев и до министерот за надворешни работи Никола Димитров, бараат договорот за доборососедство со Бугарија да биде транспарентен и разгледан од пратениците на опозицијата. Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека ова го направиле затоа што...

Жбогар: Што поскоро да се финализира договорот за добрососедство со Бугарија

Секогаш е добро да се има добри односи со соседните земји, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на заедничката прес-конференција со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, посветена на самитот ЕУ - Западен Балкан, кој од 12 јуни ќе се одржи во Трст. Жбогар рече дека Брисел очекува што поскоро да се финализира договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и дека е...

Македонија и Бугарија постигнаа основа за компромис за договорот за добрососедство

Постигната беше основа за компромис за договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, следната фаза се консултации и внатрешни процедури, објави бугарското МНР по консултациите што викендов во Софија ги одржаа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и неговата бугарска колешка Екатерина Захареива. „Делегации од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, предводени...

Со Софија останува да се договориме „само“ за народите и за историја, другото е ОК

Пред потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, треба да има уште една средба на министерско ниво, но која треба да се најде решение „за едно мало техничко прашање“ за да имаме официјален закружен дел, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Потпрашан што точно останува да се договорат двете страни, Заев рече дека треба да се реши „делот за...

ВМРО-ДПМНЕ бара од МАНУ да се изјасни за договорот со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение ја повика Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да се изјасни за договорот за добрососедство што, како што велат, премиерот Зоран Заев има намера да го потпише со Бугарија. „МАНУ мора да излезе со став околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања отвора...

ВМРО-ДПМНЕ: На еден месец од потпишувањето, Заев молчи за тоа што договори со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска нагласи дека почнува одбројувањето за најавеното потпишување на договорот помеѓу Бугарија и Македонија. Како што велат од партијата, договорот го склучил премиерот Заев во Софија „во процес целосно нетранспарентен, далеку од очите на македонската јавност“. „Помина еден месец од договорот кој Заев не ѝ го обелоденува на јавноста, а кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шести ден молчи и крие што договорил во Софија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение повторно го обвини премиерот Зоран Заев дека шести ден молчи и крие од македонските граѓани што договорил за време на неговата посета на Софија, во врска со договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Од партијата велат дека Заев во текот на изборната кампања ветувал експертски дебати и јавни расправи за секое поголемо прашање...

Вељаноски: Бараме увид во тоа што го договорил Заев за добрососедството

„ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање, како што е склучувањето на договорот со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот што Заев се согласил да ја потпише“, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, на...

Борисов кажа сè, само „македонски јазик“ не

Запрашан на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев на каков јазик ќе се потпише договорот за добрососедство, бугарскиот премиер Бојко Борисов даде одговор дека тој мора да биде составен „на јазикот што е наведен во Уставот“ на Македонија. - Детали што, всушност, се важни, но не за денес, туку за евентуално следното поколение. Истовремено, ние како држава први...

Заев од Софија: Договорот за добрососедство ќе го потпишеме на Илинден во Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство, кој како што изјавил Заев по средбата, ќе биде потпишан на 2 август, односно на празникот Илинден, кој заеднички ќе биде чествуван во Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС. - Разговаравме за приближувањето на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...