fbpx

Шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Заев бараат увид во договорот со Бугарија

-

Илија Димовски, Никола Попоски, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев и Влатко Ѓорчев, преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев и до министерот за надворешни работи Никола Димитров, бараат договорот за доборососедство со Бугарија да биде транспарентен и разгледан од пратениците на опозицијата.

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека ова го направиле затоа што во бугарските медиуми имало информација дека текстот на договорот веќе бил испратен во бугарскиот парламент на разгледување.

– Затоа ние цениме дека овој документ треба да биде даден на увид во нашето Собрание, за да се избегнат сите сомнежи и да се надмине грижата кај граѓаните што деновиве се создава. Ветија инклузивно работење, но досега нема ништо од тоа. Уште еднаш го повикуваме премиерот Заев во духот на транспарентноста што ја ветуваше да го исполни тоа. Ние како опозиција ќе бидеме конструктивни, но нема да прифатиме договори кои ќе бидат штетни за националните интереси – рече Димовски, кој смета дека договорот треба да се презентира на затворена или отворена седница на Комисијата за надворешни работи.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи законот за употреба на албанскиот јазик, Димовски вели дека и овој закон треба првично да го видат и потоа да донесат одлука. Повтори дека опозицијата сè уште е на ставот дека нема да прифати закон кој ќе задира во унитарноста на државата и во идентитетот на македонскиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...