Студентите на протест во 14 часот пред Влада

„Ние сакаме корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата. Ќе нè гледате и ќе нè слушате додека не ги добиеме. Но, ние не сме насилници. Студентите овојпат ја имаат вистината и тоа е она што нè прави автентични. Токму затоа ве повикуваме сите студенти и наши поддржувачи да го зачуваме редот и мирот на денешниот протест. Зашто ние сме многу повеќе од она за кое нè сметате. Нашето оружје се зборовите, аргументите, уставот и чистата мисла!
Доколку забележите недолично однесување пријавете кај редарите (обележани со црвена лента) или до најблискиот полицаец“, стои на фејсбук-странивата на „Студентски пленум“.

Студентите денеска во 14 часот пред зградата на Владата на Република Македонија ќе го одржат третиот студентски протест против реформите во виското образование кои предвидуваат државен испит на факултетите. Вчера од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ апелираа присутните да се воздржат од покажување национални и партиски обележја.

Законот за високо образование во чии дел влегува и државниот испит во неделата беше усвоен на отворената владина седница и веќе е испратен на гласање во Собранието на Република Македонија.