Средба на Заев со пратеникот во ЕП, Реинхард Бутикофер

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со делегација на Европската зелена партија предводена од пратеникот во Европскиот парламент, Реинхард Бутикофер.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија и демократските предизвици со кои се соочува државата.

Во соопштението на опозицијата наведено е дека Заев го информирал европратеникот и за текот на разговорите во рамки на работните групи.

-Роковите се дефинирани и мора да бидат исполнети. Власта не смее да си дозволи избегнување на превземените обврски на било кој начин, изјавил Заев.

Европратеникот Бутикофер посочил дека имплементирањето на препораките од Европската унија, особено оние содржани во Извештајот на експертската група на ЕК предводена од Прибе, се корисни за државата и во насока на демократизација на земјата.