Србов: Се апсат членови на ВМРО-ДПМНЕ, за да се урнат партијата и државата

Власта денес владее, на начинот на кој што се владеело во најцрните денови од комунистичкиот режим, рече Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест на партијата пред Министерство за правда.

-Денеска имаме власт која си го апси сопствениот народ, која врши притисок врз сопствениот народ. Имаме власт која врши притисок врз медиумите, се заплашува секој кој сака да каже нешто кое не е во согласност со размислувањата на СДСМ.  Во нивниот план стои, уапси го ВМРО, урни го ВМРО и така ќе можеш да ја урнеш Македонија – рече Србов.

На вечерашниот протест се појави и претседателот на партијата во оставка, Никола Груевски, а протест повторно е закажан за утре во 18 часот пред Министерство за правда.