Спасено бебе на Палестинка во поодмината бременост убиена во напад во центарот на Газа

Палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи ја болницата Ал Авда во Нузеријат, јави дека детето е родено во оперативен зафат кој бил итно изведен

Фото: Photo by Emad El Byed on Unsplash

Спасувачите спасиле бебе на Палестинка која била во поодмината бременост, а била убиена во израелски напад во Појасот Газа, објавија палестинските медиуми.

Палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи ја болницата Ал Авда во Нузеријат, јави дека детето е родено во оперативен зафат кој бил итно изведен.

„Новороденчето е под медицинска нега во болница во централниот дел на Појасот Газа и е во стабилна состојба“, пренесе агенцијата.

Палестинските медиуми објавија дека осум лица загинале во напад на израелската армија врз станбена зграда во бегалска населба.

Портпаролот на израелската армија како одговор на истрагата рече дека ги проверуваат овие написи.