Сончево време со температура до 32 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје се очекува слично време, односно сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 31 Целзиусов степен.