Сончево време со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 26 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 6 Целзиусови степени, а дневна до 24 степени.