Сончево и топло време, со температура до 37 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со повремен локален ветер, кој ќе биде поизразен во попладневните часови.

Утринската температура се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно сончево и топло, со повремен ветер во попладневните часови. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 36 Целзиусови степени.