Собранието ги прогласи Охридското Езеро и Кањонот Матка за споменици на природата

Дополнително, Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата

Фото: Markus Bernet, CC BY-SA 2.5, kallerna, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Вчера собранието усвои закони со кои три природни локалитети во државата добија посебен заштитен статус.

Охридското Езеро и Кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, а Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.

Владата минатата година во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета категорија – споменик на природата, додека за Охридското Езеро истата одлука беше донесена во почетокот на оваа година.