Со концерт и перформанс в четврток започнува викендот на гордоста

Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап ќе има и балканскиот Ар-Ен-Би музичар Џипси, познат по неговата автентична музика со која секогаш остава јасен личен печат

Фото: Коалиција „Маргини“

На 8 јуни во „Станица 26“, со почеток од 21 часот, ќе се одржи концерт на Мии Бланко, меѓународно етаблиран музичар, перформанс уметник и ЛГБТК+ активист. Со овој концерт официјално ќе се отвори дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје 2024, чија тема годинава е „Останувајќи со нелагодноста“.

Влезниците за концертот се достапни онлајн на овој линк.

„Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап во живо ќе има и балканскиот Ар-Ен-Би музичар Џипси, познат по неговата автентична музика со која секогаш остава јасен личен печат. По концертот ќе следува диџеј сет со домашната перформанс артистка, Ивана Драгшиќ“, информираат во Коалиција „Маргини“, организаторите на настанот.