Шекеринска по изјавата на Каракачанов: сега е момент кога се гледа кој е за добрососедски односи

„Сега е моментот кога се гледа колку сме за добрососедски односи. Ние нашиот тест го поминавме“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска по денешната изјава на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија ќе се спротивстави на одржувањето меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија за почеток на преговорите за членство.

-Таквите изјави не се во духот на Договорот за добрососедство. Емоциите не се добар сојузник во решавање на билатералните прашања. Ние покажавме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Очекуваме нашите сојузници да му помагаат на регионот, а не да му одмагаат, рече Шекеринска прашана за коментар по изјавата на нејзиниот бугарски колега.