Шампионот Сан Антонио славеше на гости кај Филаделфија

Вчеравечер се одиграа четири натпревари во НБА-лигата, а на еден од нив шампионот Сан Антонио славеше на гостински терен кај Филаделфија со резултат 103:109. На натпреварот Каваи Леонард постигна 26 поени. Кај домаќините Картер Вилијамс уфрли 24 поени и реализира 11 скокови и седум асистенции, но тие беа недоволни за победа.

Лос Анџелес клиперс убедливо славеа над Минесота, со 127:101, остварувајќи ја петтата победа во низа. Блејк Грифин постигна 23 поени, а Де Андре Џордан дополни со 13 поени и so 11 скока. Во другиите натпревари, Јута изгуби од Денвер со 101:103, а Вашингон славеше над Мајами со 107:86.