Седници на три собраниски комисии

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и на комисијата за образование, наука и спорт.

На дневниот ред на седницата на комисијата за финансирање и буџет е, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, Предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, Програмата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година и на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година.

Годишниот извештај на Македонската радио-телевизија за 2015 година е единствената точка по која на денешната седница ќе расправаат членовите на комисијата за транспорт, врски и екологија.

Седница на комисијата за образование, наука и спорт на која ќе се расправа за Предлог – закон за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје и за Предлог – закон за изменување на Законот за високото образование.