СДСМ: Груевски е синоним за корупција што однесе безброј работни места

„Никола Груевски не е повеќе премиер. Како синоним за корупција, криминално владеење и за промашени економски политики во изминатите 10 години, Никола Груевски е последниот што може да зборува за вработувања и за инвестиции“, се вели во писмената реакција на СДСМ за интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија „Сител“.

„Груевски е синоним за корупцијата во врвот на власта, што однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија. Груевски и соработниците ќе одговараат за парите што ги украдоа и ќе им ги вратат на граѓаните. 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред сè млади, образовани луѓе, поради невработеност и лоши услови за живот. Тоа се 626.312 човечки судбини, кои најсилно говорат за неспособноста на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Поради „дил ориентед“ политиките на Никола Груевски, странските инвеститори ја напуштаат Македонија и се зголемува невработеноста“, се вели во реакцијата на СДСМ.