СДСМ бара итна проверка на детските реквизити во Карпош

Наместо преку соопштенија да создаваат конструкции и теории на заговор за наводни саботажи, доколку Јакимовски и Општина Карпош навистина се грижат за граѓаните, треба да ја преземат одговорноста за овој случај и да направат итна инспекција на сите други реквизити на ова и на другите игралишта, за во иднина да не се повтори ваков инцидент, порача денеска Душко Весковски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Карпош.

Тој одржа прес-конференција во паркот кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде во саботата шестгодишно девојче паднало од новопоставена лулашка.

– Паркот во кој реквизитите ги поставил друг правен субјект, а не изведувачот на паркот, беше отворен пред неколку дена. Изведувачот притоа напоменал дека реквизитите не поседуваат сертификат за безбедност и имаат лош квалитет – рече Весковски.