За 37 деца во „Мајски цвет“ треба да се грижат само две воспитувачки, од градинката велат – нема да доаѓаат сите

-

Во градинката „Мајски цвет“ во општина Карпош, во клонот што се наоѓа во населбата Тафталиџе, во групата наменета за деца на возраст меѓу 5 и 6 години, има запишано 37 дечиња, што е вон законски предвидениот број, реагираат родители на деца во оваа градинка. Тие стравуваат за тоа, како ќе успеат две вработени (една воспитувачка и една негователка) да работат со толку голем број деца на дневно ниво. Инаку, согласно Законот за заштита на децата, во група со деца на предучилиштна возраст, смее да има најмногу до 25 деца.

„Ова се деца кои се во најголема група, односно се и физички најголеми. На список се 37 на број, а списокот е истакнат на влезната врата во градинката. Се прашувам како би оделе толку многу дечиња во тоалет, како би ги собрало во просторијата во која спијат. Тие деца од 1 септември треба да тргнат во училиште, па и како би учеле, дали би имало услови за да можат да учат. Згора на тоа, пандемијата ја подзаборавивме. А за нив ќе се грижат само две вработени“, вели родителка на дете во најголемата група.

Мета.мк ја побара директорката на градинката, Татјана Божиновска Миладиновска, која кажа дека установата „Мајски цвет“, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните на општина Карпош, а во согласност со општината, прифаќа деца со поголем број од предвидениот.

„Свесни сме за преоптовареноста на градинката поради оваа ситуација, но и покрај тоа се трудиме најдобро што можеме да ги обезбедиме сите неопходни услови за згрижување и воспитание на децата на оваа возраст во нашата установа“, вели директорката.

Од досегашното ислуство, додава таа, овој максимален број на корисници на услугите на градинката, речиси никогаш не е исполнет поради честото отсуство на децата од различни причини.

„За оваа група се планира да бидат ангажирани три лица наместо две – една воспитувачка и две негователки, а очекуваме присуството на дневно ниво да биде од 25 до 30 деца. Така ќе нема пречки за нормално одвивање на воспитно-образовната работа на групата“, појаснува Божиновска Миладиновска.

Инаку, согласно Законот за детска заштита, односно членот 46, работата во детската градинка се организира во зависност од возраста на децата во хомогени групи, и тоа до 12 месеци од шест до осум деца, до 18 месеци – од 8 до 10 деца, до две години – од 10 до 12 деца, потоа, до 3 години од 12 до 15 деца во група, до 4 години – од 15 до 18 деца во група, деца до 5 години – од 18 до 20 деца и до шест години, во група смее да има најмногу до 25 деца.

Затворен за сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10

Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот патен правец...

[Галерија] Првиот снег во Скопје годинава – за најмладите радост, за властите работа

Утринава главниот град осамна под снежна покривка, откако ноќеска почна да паѓа првиот снег оваа зима. Снежните наноси продолжија да паѓаат и во текот на денот. Додека властите се обидуваа да...

Во „македонското сценарио“ за рушење на Вучиќ улоги добија и Хрватите, Бошњаците и Албанците

Изливот на граѓанското незадоволство против власта во Србија по трагичната несреќа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 – при што загинаа 15 лица,...

Дошол да го види шестмесечното бебе па почнал да ја дави сопругата во нејзиниот семеен дом

Основното јавно обвинителство Велес соопшти дека повеле постапка за телесна повреда и побарале притвор за лице од Велес, кој се сомничи дека ја повредил неговата сопруга. Од обвинителството соопштија дека станува збор...

Затворен за сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10

Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот...