Русија го укинува безвизниот режим со Турција

Русија ќе го суспендира безвизниот режим со Турција, соопшти шефот на руската дипломатија, додавајќи дека одлуката стапува на сила на 1 јануари 2016 година.

Одлуката доаѓа неколку дена откако турските воздухопловни сили урнаа руски борбен авион во близината на границата на Сирија.

– Одлучивме да го суспендираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција. Одлуката стапува на сила на 1 јануари – соопшти Лавров.

Безвизниот режим меѓу Русија и Турција беше воведен во април 2011 година со билатерален договор, со кој се овозможува 30 дневен престој во земјата без да се поседува виза.
.