Регистрирани 175 нови случаи на ковид-19 од направени 1.733 тестирања

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања за корона вирусот, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, во: Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица – 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга – 3, Битола – 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево – 1, Неготино – 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.

Во истиот временски период, регистрирани се 365 оздравени пациенти, од:
Скопје – 288, Велес – 10, Прилеп – 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип – 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево – 3, Тетово – 2, Дебар – 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид – 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен – 1, Радовиш – 1, Пробиштип – 1, Крушево – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1.

Починати се седум лица: Двајца пациенти од Скопје (85 и 43 г.), и по еден од Охрид (83 г.), Штип (79 г.), Тетово (67 г.), Берово (80 г.) и Велес (74 г.).
Сите седум пациенти се починати во болнички услови.

Досега во Северна Македонија се направени вкупно 456.341 тестирања за ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи денеска изнесува 8.157.