Разбојници ограбиле скопски таксист

Три непознати лица, синоќа околу 20.30 часот, извршиле разбојништво над такси-возач, од кого одзеле околу 22.000 денари и мобилен телефон.

Според полициските информации, разбојниците од возачот побарале да ги однесе од населбата Карпош од улицата Вуковарска, а кога стигнале на крајната дестинација, едниот од нив со нож му се заканил на таксистот, додека другите двајца му ги зеле парите и мобилниот телефон.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчитување на случајот.