Промовирана поштенската марка со ликот на Скендербег

На свечаната академија во Собранието по повод 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег беше промовирана поштенска марка со ликот на Скендербег.

Поштенската марка е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6.000 примероци.

Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев. Покрај него, на поштенската марка на македонски и на албански јазик е напишан поводот за нејзинот издавање, односно 550-годишнината од смртта на Скендербег и името на државата Република Македонија, на латиница.

Директорот на „Македонска пошта“, Фаадис Реџепи во своето обраќање истакна дека издавањето на поштенската марка е допринос на „Македонски пошти“ за македонската и за светската филателија имајќи го предвид големото дело на Скендерберг кое е инспирација за многу генерации.

– Поштенските марки имаат постојана вредност и додека патуваат низ светот промовираат разлини културни и историски вредности. Тие се отворена книга на мало парче хартија што ги обединува луѓето, градовите, заедниците и различните јазици – рече Реџепи.