Промоција на контакт-центарот за катастар

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ќе го презентира проектот Контакт-центар за нови решенија, кој треба да обезбеди поголема достапност и пристапност на граѓаните до катастарските услуги.

Истовремено, Агенцијата ќе го промовира и прашалникот за јавно мислење, насловен „Вашето мислење за нас до подобра услуга за вас“.