Препораката на ЕК за општа политика против расизам и неолеранција, достапна на македонски јазик

Наодите и препораките на ЕКРИ имаат за цел да ги водат земјите-членки во спречувањето и борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата против ЛГБТИ луѓето

Фото: www.coe.int

Препораката бр.17 за општа политика на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) за спречување и борба против нетолеранцијата и дискриминацијата на ЛГБТИ лицата сега е достапна на македонски јазик. Документот ги препознава континуираните предизвици за заштитата на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Европа и дава клучни препораки за да се осигура дека се почитуваат правата на лицата кои се дел од ЛГБТИ заедниците.

Оваа Препорака на ЕКРН e основна алатка која има за цел да се справи со нетолеранцијата и дискриминацијата на лезбејките, геј популацијата, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) лица и да помогне во развојот на инклузивно општество. Наодите и препораките на ЕКРИ имаат за цел да ги водат земјите-членки во спречувањето и борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата против ЛГБТИ луѓето, во тесна соработка со сродните заедници.

Преводот е направен во рамките на акцијата „Борба против омраза и нетрпеливост во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција“. Тој ги поддржува клучните корисници и локални актери во нивните реформи за да развијат хармонизиран институционален пристап за справување со дискриминацијата и говорот на омраза.